Агент во контакт центар
Скопје
Рок за пријавување:
- Македонски Телеком АД-Скопје
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.
Агент во контакт центар
- Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување со нови знаења?
- Имаш искуство во телефонска, е-маил или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
- Сакаш да решаваш кориснички проблеми и имаш искуство во техничка поддршка на корисници (препознавање и дијагностика)?
- Имаш интерес за дигитални технологии?
Ако твојот одговор е ДА, пријави се на отворениот оглас за Агент во контакт центар на Македонски Телеком АД кој е водечки национален телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком.
- 1 година соодветно работно искуство ќе се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office
- Претходно работно искуство во контакт центар за техничка поддршка на корисници ќе се смета за предност
Што очекуваме:
- Ориентираност кон клиенти
- Основни комуникациски и продажни вештини
- Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Компетитивна плата и бонус утврден согласно интерните акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Приватно здравствено осигурување
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
- Работа во смени
Како да аплицирате:
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!