Vrabotuvanje.com - Администратор - Скопје - Анторис
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Анторис

Приватната агенција за вработување АНТОРИС за своите потреби објавува оглас за 1 (еден) извршител за следното работно место:

АДМИНИСТРАТОР

Потребни квалификации:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Претходното работно искуство од најмалку 2 години на иста или слична позиција
  • Задолжително познавање  на MC Office програмот
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Одговорности и работни задачи:

  • Извршување на сите административни активности поврзани со вработувањето на работниците (пријава/одјава, изработка на генерални договори, склучување на договори за вработување, водење на деловодник, изработка на разни потврди, решенија, уверенија, изјави за работникот, обработка на патни налози, пресметка на боледувања и сл.)
  • Пресметка на плати, плаќање на налози, водење евиденција во HR програмот
  • Извршување на сите административни активности поврзани со соработката со клиентите.
  • Контрола, евиденција и следење на текот на документацијата на агенцијата и кон клиентите, институциите на системот и другите правни субјекти.
  • Водење на архивското работење, заверка на документи и подготовка на документи за испраќање.
  • Следење на сите објави на тендери кои се однесуваат на услугите на Анторис во целост (навремено подготвување на тендерската документација, навремено поставување прашања во зададениот рок, учество на електронски аукции, база-историјат на веќе поминати тендери,активно пополнување на бази на контакти на клиенти, испраќање на понуди).
  • Познавање и континуирано следење на апликативната законска регулатива и превземање на активности со цел на усогласување на агенцијата со истите.
  • Извршување и на други работни задачи по налог на претпоставеното лице, согласно квалификациите на вработениот и потребите на работното место.

Вештини и способности:

  • Висок степен на лична организираност
  • Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Висока флексибилност и адаптибилност

Работната позиција е за територијата на град Скопје.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сите останати биографии ќе се чуваат со максимална доверливост.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде