Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022,објавува
ОГЛАС
за работното место
ОПЕРАТОР НА ПРИЕМЕН ПУЛТ
Локација (Тетово)
1 (еден) извршител
Опис на работната позиција:
Операторот на приемен пулт е одговорен за соодветен прием на пациенти со почит и внимание, одговара на барањата на клиентите и обезбедува информации за услугите на компанијата како и општи информации за компанијата.
Операторот покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со клиентите.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Познавање на англиски јазик
- Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
- Претходно работно искуство и/или стручни компетенции во иста или слична област ќе се смета за предност
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
Работни одговорности:
- Врши прием на пациенти и наплата на лабораториски услуги;
- Секојдневно одржува телефонска и е-маил комуникација со пациенти и стручниот кадар со цел давање информации како и издавање резултати;
- Aдминистрирање на добиените информации и внес на материјали во базата на податоци;
- Останата административна поддршка во работењето.
Потребни вештини и способности:
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Професионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работa
- Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност
Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени - од понеделник до петок, како и повремено сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.
Вработувањето е за определен период со можност за продолжување во зависност од потребите на компанијата.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Оператор на приемен пулт” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 10 (десет) работни дена, односно од 16.01.2025 година до 29.01.2025 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :
- доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
- од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.