
АПАВЕ СЕЕ е дел од меѓународна групација (APAVE Group) специјализирана за управување со ризици со повеќе од 150 години искуство.
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ СЕЕ има потреба од Администратор во оддел за менаџирање на проекти и логистика и компетентност на персонал коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:
Администратор (1)
Краток опис на работната позиција:
Администраторот ќе работи во оддел за менацирање на проекти и логистика и компетентност на персонал - оддел одговорен за планирање и организација на технички проекти низ Европа, Западна Африка, Јужна Америка и Југоисточна Азија, организирање на логистика на персонал, секојдневни административни и логистички активности, организирање интерни и надворешни обуки и квалификување на технички персонал, итн.
- Дава поддршка во планирање на персонал и одговорен е за организирање на целосна логистика за техничките проектите кои ги има компанијата;
- Одговорен за редовно ажурирање/одржување на база на податоци и на личните досиеја на техничкиот персонал, внес на податоци на македонски/англиски;
- Одговорен е за подготовка на документи за издавање на визи за вработените, организација на билети и сместување;
- Одговорен е за организација на систематски и медицински прегледи во соработка со соодветни установи;
- Одговорен е за обезбедување на патничко осигурување за вработените и ангажираните лица на проектите;
- Одговорен е да обезбеди спроведување на обука на вработените за безбедност и здравје при работа и животна средина во соработка со назначена надворешна компанија;
- Одговорен е за други административни активности за поддршка на одделот;
- По потреба патување и во странство за потреби на работата во секторот;
- Високо образование
- Претходно работно искуство во областа на администрација и логистика најмалку 2 години се смета за предност
- Претходно искуство со работа во софтвер
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
- Клучни компетенции: одлични комуникациски вештини, флексибилност за индивидуална и тимска работа, управување со времето и рокови



Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.