Индустри Сервис ДОО – Скопје, компанија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, вработува Администратор и Технолог во својата подружница бр.7 Таб Мак - Пробиштип
Администратор и Технолог
Што ви нудиме?
- Работно време од понеделник до петок во прва смена
- Пријатна работна атмосфера
- Динамична и атрактивна работна околина
- Договор за вработување на определено време со можност за трансформација на неопределено време.
- Можност за професионално доусовршување
(АДМИНИСТРАТОР)
Опис на работни задачи:
- Материјално работење во сметководствен програм (прием на влезни ф-ри, преноси, требувања по магацини, потрошоци)
- Сложување залихи и правење пописи
- Комуникација со клиентот на дневна основа (број на пријавени/послужени оброци, сложување евиденција на оброци
- Блиска соработка со менаџментот за тековни прашања
- Водење и грижа за персоналните досиеа на вработените од подружницата
- И останати работи кои би произлегле од тековното работење
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома (Предност ќе имаат кандидатите со завршен Економски Факултет)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Работа во тим и ориентираност кон исполнување задачи во рок
- Високо развиени комуникациски вештини
- Личност со развиена свест за одговорност и доверливост
(ТЕХНОЛОГ)
Должности и Одговорности:
- Ги контролира техничко-технолошките процеси во кујната, вклучувајќи го просторот на објектот каде што се приготвува храната, ресторанот со линијата за послужување, магацинскиот простор со суровините и разладните уреди.
- Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
- Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната ISO 22000, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
- Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
- Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
- Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
- Искуство со ситеми за управување со квалитет и безбедност на храна
- Одговорност и доверливост
- Прецизност и лична одговорност во работењето
Доколку сметате дека го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака: “Администратор”или “Tехнолог”.
Веб страна: http://industriservis.mk/