Vrabotuvanje.com - Инженер за ИКТ решенија - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за ИКТ решенија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. 

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.  

Инженер за ИКТ решенија
 

Во моментов бараме Инженер за ИКТ решенија кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во дизајн и имплементација на иновативни ИКТ решенија кои ќе ги пресретнат барањата на деловните корисници и ќе придонесат кон дигитализацијата на нашето општество.


Работни задачи:
  • Анализа на кориснички барања, изработка и имплементација на технички решенија за обезбедување на ИКТ услуги за деловни корисници
  • Соработка со продажните тимови во фазата на пред-продажба, како и координација и проектен менаџмент на активностите за реализација на техничките решенија
  • Учество во подготовка и одобрување на деловни студии и планови за реализација на CAPEX проекти поврзани со ИКТ решенија и кориснички услуги
  • Управување во процесот на предавање на услугите на крајниот корисник, како и контрола на квалитетот на истите
  • Дизајн, изработка на “Low Level” документација и реализација на решенија за управувани мрежни, VoIP, IoT/M2M, колокациски и  hosting услуги за големи корисници
  • Изработка и реализација на решенија за зголемување на надежност на услугите, обезбедување на континуитет на деловни процеси за големи корисници – BC&DR, како и решенија за мрежна интеграција на ИТ услуги
  • Координација и реализација на активности во процес на провизионирање на податочни, говорни и ИКТ услуги за големи корисници како и детекција и отстранување на проблеми кај истите.

Потребни квалификации:
  • Диплома од Факултет од областа на Електротехника, Телекомуникации , или Компјутерски науки
  • 3+ години релевантно работно искуство
  • Напредни познавања на транспортни и пристапни IP мрежни и технологии и опрема, како и протоколи кои се користат за реализација на телекомуникациски услуги
  • Искуство во дизајнирање, имплементација и одржување на WAN, LAN, Wireless, VoIP  и безбедносни мрежни решенија.
  • Искуство во виртуелизација, дизајн на XaaS cloud инфраструктура и платформи, како и искуство во телекомуникацискиот сегмент се предност
  • IP Сертификации (како CCNA, CCNP) или слични технолошки сертификации се предност
  • Напредни способности за управување со проекти
  • Активно познавање на англиски јазик и напредно познавање на MS Office
  • Корисничка ориентираност и одлични комуникациски вештини
  • Амбициозност, иновативност, способност за воочување на нови можности и желба за постојано учење

Што очекуваме:
  • Тимски играч
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Напредни способности за презентација
  • Напредни аналитички способности и способност за решавање на проблеми
  • Вљубеник во технологијата

​Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзо-растечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
  • Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Инженер за ИКТ решенија.
 
Огласот ќе биде отворен од 20.01.2025 до 02.02.2025. 
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде