Технотранс е водечка логистичка компанија која работи во Македонија повеќе од 15 години. Партнери сме на неколку глобални компании. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа со што остваруваат врвни резултати и поставуваат високи стандарди во работењето. Како компанија која исклучително ги цени своите вработени ние постајоно инвестираме во нивен развој и унапредување на условите за работа.
Во моментов поради планско зголемување на оперативните капацитети бараме мотивиран кандидат кој би се приклучил на нашиот тим.
КООРДИНАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
Работни обврски:
- Организација и Координација на работни активности на повеќе работни групи
- Контрола на изведување на логистички операции
- Контрола на исполнување на воспоставени работни норми
- Креирање на решенија за оптимизација и унапредување на работните процеси
- Идентификување на ризик фактори кои може да предизвикаат штета врз работењето
- Изготвување на редовни извештаи
- Дополнителни задачи кои ќе бидат дефинирани од страна на Менаџер на логистика
Услови:
- Завршено високо образование (ВСС) во соодветна област (логистика, менаџмент, машинство, економија, или сродно поле) ќе се смета за предност
- Минимум 3 години работно искуство во логистика или сродна област
- Одлично познавање на процесите за управување со логистика и синџири на снабдување
- Изразени аналитички, организациски и лидерски способности
- Солидно познавање на Англиски јазик
- Напредно познавање на Word, Excel и Outlook
Што нудиме?
- Конкурентна плата и месечни бонуси за успешност
- Работа во добра работна средина и атмосфера
- Обезбеден квалитетен топол оброк
- Годишен одмор
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Повеќе пати во годината обезбедени бесплатни пакети производи
Аплицирајте со испраќање на вашата кратка биографија преку ПОЛЕТО ЗА БРЗА АПЛИКАЦИЈА или на следнава адреса: angelina.kanzurova@tehnotrans.com.mk