Vrabotuvanje.com - Консултант за бутикови продажби - Скопје - КАЛИМАН КАРИБЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Консултант за бутикови продажби

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАЛИМАН КАРИБЕ ДООЕЛ

Кои сме ние?

Калиман Карибе ДООЕЛ Скопjе е меѓународна компанија со 30-годишно лидерство на пазарот на премиум тутунски производи – пури, цигарилоси и други производи. Како ексклузивен претставник на престижните брендови на кубански пури Habanos за 13 земји, компанијата активно се занимава со увоз, извоз, дистрибуција и малопродажба.

Во врска со проширување на нашите активности и отворање на нова локација во Diamond Mall Skopje, бараме 
КОНСУЛТАНТ ЗА БУТИКОВИ ПРОДАЖБИ

Ваши задачи ќе бидат:

  • Консултација на клиентите при изборот на премиум производи, согласно нивните потреби и преференции;
  • Обезбедување атрактивна и чиста презентација на производите;
  • Следење на продажбата и подготвување на нарачки;
  • Комуникација со регионалните супервизори и колегите од централата;
  • Работа со ERP систем за евиденција на продажбите.

Нудиме:

  • Долгорочен ангажман во стабилен и професионален тим;
  • Воведна обука и личен ментор за поддршка во секоја фаза од работата;
  • Можност за развој и зголемување на надоместокот според постигнатите резултати.

Наши очекувања:

  • Искуство во продажба (минимум 1-2 години);
  • Познавање на англиски јазик и/или друг јазик на работно ниво;
  • Умеење за работа со MS Office;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Спортски дух, самоиницијативност и насоченост кон резултати;
  • Одговорност и професионален пристап.

Очекуваме вашето портфолио најдоцна до 02.02. Отворањето на новата локација е планирано за почетокот на февруари. Ќе бидат контактирани само одобрените кандидати.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде