Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бренд менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
 
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи 
 
 
ЕУРОТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД БРЕНД МЕНАЏЕР 

Локација: Скопје
Оддел: Продажба
Рок за пријавување:  25.02.2025
Позиција: 1
 
 
Цел на работното место:
 
Гарантира спроведување на маркетинг стратегијата и активностите за брендовите на компанијата, обезбедувајќи развој и имплементација на соодветни маркетинг стратегии, концепти и активности за поединечни брендови и артикли со цел да ја зголемува свесноста на пазарот за брендовите, да развива силни, препознатливи и конкурентни брендови и да обезбеди повисоко учество на брендовите во пазарот. 
 

Главни одговорности:
  • Развива, приспособува и спроведува маркетинг стратегијаза брендови/артикли во согласност со компаниските стратегија за портфолиото и за секој поединечен бренд;
  • Ги креира, управува и спроведува годишните маркетинг планови за брендовите вклучувајќи и цели, цени, вредност за купувачите, имиџ, визуелна презентација, креатива, новитети;
  • Врши мониторинг, анализира и доставува извештаи до претпоставениот за сите брендови на пазарот, користејќи податоци за маркетинг и продажба од внатрешни и надворешни извори, малопродажни анализи, индикатори за крајни потрошувачи, извештаи од медиуми, конкуренција;
  • Управува со проекти и активности за лансирање на брендови и производи/артикли во портфолиото на компанијата согласно плановите за промоција и буџети;
  • Гарантира креаирање на позитивен имиџ на брендот и ги пренесува комуникациските пораки на брендот до купувачите и потрошувачите;
  • Управува со работата и ја координира работата на сите вработени во секторот;
  • Гради ефикасни поединци и тимови, вклучувајќи и селекција, ангажирање, советување, обучување, надзор, мотивирање на вработените во секторот;
  • Учевствува во развивање на ефикаси политики и процедури во својата област и одговара за спроведување на важечките процедури и стандарди за квалитет;
 
Услови за работа: 
  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време- 40часа;
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално- технички средства;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Исплата на минат калкулиран труд;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување;
 
Потребни квалификации:
  • Високо обраозвание (Економска насока);
  • Искуство во работа со буџети;
  • Минимум 5 години искуство во продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MC Office- Excell, Word;
 
Како да аплицирате: 
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак. 
 

Краен рок за аплицирање: до 25.02.2025
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде