Vrabotuvanje.com - Трејд маркетинг специјалист - Скопје - JUS MB DOOEL
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Трејд маркетинг специјалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • JUS MB DOOEL

Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг. 

 Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.


Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.

ЈУС МБ  објавува оглас за работна позиција

ТРЕЈД МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
(Замена за породилно отсуство) но со понатамошно продолжување на соработката

 

Опис на работната позиција:

  • Креирање и управување со иницијативи, припрема на потребните материјали за продажбата(креирање на комерцијален календар)
  • Следење и испитување на пазарот и категориите, вклучувајќи  ги и активностите на конкуренцијата
  • Креирање и обезбедување на  дополнителни материјали (POSM...)
  • Организирање на промотивни активности
  • Следење на  trade marketing фондови (планирање и потрошувачка)  и креирање на извештаи за принципалите
  • Обезбедување на потребните податоци за извештаите за принципалите
  • Kонтрола на имплементација на стратегија на брендовите и иницијативите
  • Оперативни состаноци  со директно претпоставените со цел известување за реализираните задачи и активности во надлежноста
  • Останати работни обврски по налог на директно претпоставениот

Услови и компетенции:

  • ВСС 
  • Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Лична одговорност
  • Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на Приоритети
  • Претходно работно искуство во областа
  • Ориентација  кон остварување на продажни резултати
  • Солидно познавање на работа на PowerPoint, Excel Pivot, BI,
  • Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење),

Нудиме:

  • Привремена замена но со продолжување на соработката по враќањето на колешката од породилно отсуство
  • Конкурентна плата и поволности во зависност од искуството.
  • Пријатна работна атмосфера и динамична средина.

Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

www.jusmb.com   

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде