Специјалист за тендери за канцеларија
Скопје
Рок за пријавување:
- РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Адреса: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје
РСМ, објавува оглас за работно место:
Водечка ревизорска компанија објавува оглас за позицијата Специјалист за тендери. Доколку сте мотивирана и професионална личност со искуство во изработка и управување со тендерска документација, Ве покануваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Клучни одговорности:
- Подготовка на техничка и административна документација за проекти;
- Комуникација со клиенти и координација на проектни активности со тимови и одговорни лица;
- Следење на домашни и странски тендери, како и анализа на релевантните можности;
- Изработка на тендерска документација и координација со релевантните оддели;
- Подготовка, ревизија и следење на договори;
- Презентација на проектни предлози во согласност со клиентските барања и техничките спецификации.
Квалификации и вештини:
- Завршено високо образование;
- Минимум 3 години релевантно работно искуство во управување со проекти и тендери;
- Одлични организациски и комуникациски вештини, со фокус на исполнителност и одговорност;
- Способност за работа во тимска и динамична средина;
- Проактивен и професионален пристап во справување со предизвици;
- Напредно ниво на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office алатките.
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и унапредување;
- Динамична работна средина и поддршка од професионален тим;
- Стимулативен пакет за надоместоци и бенефиции;
- Работа на иновативни и предизвикувачки проекти.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака „За работно место: Специјалист за тендери “.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!