Микрокредитна фондација Хоризонти повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски услуги за поддршка на малите бизниси, индивидуални земјоделци и друго население со помали приходи. До сега имаме опслужени над 20,000 клиенти, преку деловна мрежа од 8 подружници распоредени во различни региони од земјата.
Целата на нашето работење е втемелено во социјалната мисија на организација, да создаде позитивно влијание врз деловните активности на клиентите и нивниот животен стандард.
За реализација на деловните активности во склад со годишните планови имаме потреба од вработување на:
КРЕДИТЕН АДМИНИСТРАТОР
(со седиште во Прилеп)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Одговорен за навремено и точно изготвување на кредитната документација
- Потпишување договори и вршење други трансакции со клиентите во филијалата;
- Администрирање и архивирање на документација, согласно интерните процедури;
- Изготвување и достава на писмена кореспонденција;
- Изготвува порачки за канцелариските потреби, материјали и раководи со благајната;
КРИТЕРИУМИ И КВАЛИФИКАЦИИ:
- Факултетско образование или завршено средно образование (економска насока).
- Возачка дозвола (Б-категорија).
- Познавање на работа со компјутери (MS Word, Excel, Outlook and Internet).
- Искуство во работа со софтверски апликации
- Познавање на Англиски јазик.
- Најмалку 2 години работно искуство со канцелариско/административно работење. Предност е работење во банка или друга финансиска институција;
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:
- Одлични комуникациски способности
- Интерперсонални способности
- Точност и прецизност во работата
- Добри организациски и координаторски способности
- Аналитички способности
- Тимска работа
Услови за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) преку полето Брза Апликација, најкасно до 10.02.2025 година.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.