Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013,објавува
ОГЛАС
за работното место
МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР
Опис на работната позиција:
- Одговорен е за правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура, правилна припрема и обработка на примениот биолошки материјал. Вработениот на оваа работна позиција е одговорен за терен во градови низ Македонија и покажува високо ниво на професионалност во односот со соработниците како и почит и трпеливост во интеракциите со пациентите.
Потребни квалификации:
- Завршено образование од соодветната област (средно образование за Медицински лабораториски техничар со положен државен испит за Медицински лаборант или високо образование од соодветна област)
- Работно искуство ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик
- Познавање работа со компјутери-MS office
- Возачка дозвола – Б категорија
Работни одговорности:
- Врши прием на пациенти и правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура ( соодветно ракување и обележување);
- Одговорен е за посета и земање материјал за лабораториска анализа од здравствени организации со кои соработуваме во градовите низ Македонија, како и правилна дистрибуција на материјалот до соодветно место во лабораторијата;
- Врши подготовка на прибор за работа, инструменти и лабораториски процедури за тековниот ден;
- Води уредна евиденција на медицинска документација како и евиденција во компјутерски систем;
- Постапува согласно стандардна процедура за прием на материјал од терен.
Потребни вештини и способности:
- Професионален и љубезен однос кон пациентите
- Примена на знаењето и искуство во тек на работата
- Следење на иструкции и процедури за работа
- Способност за индивидуална и тимска работa
- Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност
Работно време од 40 часа неделно, од понеделник до петок од 8 до 16 часот.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Медицински лабораториски техничар” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 28.01.2025 година до 03.02.2025 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :
- доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
- од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.