ЗА КОМПАНИЈАТА
ГРАФИКА ПЛУС ДОО Скопје е докажан лидер во широкоформатен и табачен дигитал печат и производство на реклами. Компанијата почна со работа на почетокот на овој милениум кога покрај инвестирањето во производствениот погон се оформуваше и нашиот професионален тим за работа. ГРАФИКА ПЛУС ДОО успешно ја обавува својата дејност на пазарот 20 години и работи со добро обучен тим од професионалци и гарантирани можности во дизајн, проектирање, печатење, аплицирање и монтажа.
Графика Плус Доо од Скопје го проширува и освежува својот тим со нова позиција. Ако имаш желба за учење и напредување и сакаш да работиш во пријатна работна атмосфера и во фирма која секојдневно ги следи модните и техничко-технолошките трендови на пазарот те охрабрувам да испратиш свое CV со што ќе аплицираш за следното работно место:
графички дизајнер
Потребен е еден извршител на работна позиција – графички дизајнер со следните работни обврски:
- Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
- Подготовка на припреми за печатење
Способности:
- Претходно искуство
- Креативност
- Високо познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator
- Одлично познавање на англиски јазик
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
- Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
- Висок степен на одговорност
- Целосна посветеност на работата
- Комуникативност, тимска работа, професионалност
- Желба за учење и надградување на знаењето
Компанијата нуди:
- Едно-сменско работење (од 8 до 16 часот);
- Навремена исплата на личен доход и додатоци на плата, К-15;
- Периодична финансиска мотивација (најмалку 2 пати годишно зголемување на плата);
- Плата по договор;
- Пријатна работна атмосфера со млад и амбициозен тим
- Можност за постојан раст и развој