Machine Learning / Data Scientist Engineer
Скопје
Рок за пријавување:
- Македонски Телеком АД-Скопје
Machine Learning / Data Scientist Engineer
- Дизајнирање и развој на системи за машинско учење, имплементирање соодветни ML алгоритми и спроведување на темелни тестови за да се процени нивната ефикасност, вклучително и рафинирање на алгоритми и оптимизирање на параметрите за да се постигнат посакувани и очекувани резултати
- Прибирање, чистење и предобработка на обемни и сложени сетови на податоци кои се потребни за ML моделите
- Соработка со крос-функционални тимови за разбирање на деловните барања и преведување на истите во аналитички решенија
- Имплементација, следење и одржување на ML моделите во продукција, вклучувајќи детекција и решавање на проблеми
- Автоматизација на ML процеси вклучувајќи трансформации, тренинг и мониторинг на моделите.
- Комуницирање на наодите и увидите со не-техничка публика преку извештаи, визуелизации и презентации
- Учество во имплементација на проекти во Data Enablement платформата базирана на Data Lake.
- Постојано следење на најновите достигнувања во областа на AI/ML, податочната наука и технологија
Потребни квалификации:
- Високо образование - Диплома по компјутерски науки, инженерство, наука за податоци или соодветна област
- Минимум 3 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Искуство со имплементација на алгоритми за машинско учење и статистички техники
- Искуство со манипулирање и обработка на обемни и сложени сетови на податоци
- Искуство со програмирање во Python, R и сл.
- Искуство во работа со AI/ML библиотеки и пакети
- Искуство со Big Data алатки и технологии (Hadoop, Spark, Kafka…), архитектура базирана на Data Lake
- Искуство со користење на бази на податоци
- Познавање на алатки за управување со верзии како Git
- Способност за работа во агилна организација и учество во агилни процеси
- Одлични вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Одлични комуникациски вештини
- Подготвеност за учење на нови технологии и позитивен пристап кон личен и професионален раст
- Ориентираност кон резултати, одговорност, посветеност
- Аналитички вештини
- Вљубеник во технологијата
Ако сте подготвени да се придружите на тимот кој го движи дигиталниот трансформациски пат на нашата компанија, испратете ја вашата апликација!
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МКТ
Работно време:
- Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате:
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!