Data Engineer
Скопје
Рок за пријавување:
- Македонски Телеком АД-Скопје
- Имплементација на end-to-end процеси во Data Enablement Platform (DEP) - развој на data pipelines за преземање на податоци, зачувување во Data Lake, трансформација и моделирање на податоци, оркестрација на процеси и изработка на извештаи/dashboard-и
- Континуирано следење и одржување на процеси во рамки на DEP платформата (дневни/месечни процеси, справување со грешки, развој на извештаи)
- Анализа на деловни барања за промени (change requests) и барања за извештаи (report requests) за имплементација на нови и надградба на постојни функционалности и извештаи во системите во Data доменот
- Изработка на технички решенија и дизајни за нови и надградба на постојни функционалности на податочните решенија како и интефејсите со изворните ситеми
- Моделирање на податоци во BI алатки, креирање на аналитички модели, дизајн, имплементација и одржување
- Изработка на ad-hoc извештаи и комплексни извештаи по барање на деловните корисници и месечно креирање на финансиски извештаи
- Соработка со останатите области во компанијата, негување култура на соработка, иновации и раст, инспирирајќи извонредност и заеднички успех
Потребни квалификации:
- Високо образование - Диплома од компјутерски науки, инженерство или соодветна област
- Минимум 3 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на бази на податоци (релациони и/или NoSQL)
- Искуство со манипулирање и обработка на обемни и сложени сетови на податоци
- Искуство со Big Data алатки и технологии, архитектура базирана на Data Lake / Data Warehouse решенија.
- Искуство со Data Lake концепт, трансформација и моделирање на податоци за аналитика (Data Vault, Star Schema)
- Искуство со Python, Spark, SQL, R за манипулирање со податоци
- Искуство со алатки за развој на ELT/ETL процеси (Apache Nifi, Apache Kafka, Apache Spark, Apache Hadoop, Apache Airflow) и визуелизација на податоци (Power BI, Cognos)
- Искуство во користење на алатки за управување со верзии (Git)
- Познавање на Unix и Windows оперативни системи
- Способност за работа во агилна организација и учество во агилни процеси
- Способност за анализа на комплексни податоци и развој на иновативни решенија
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Одлични комуникациски вештини и способност за јасно изразување на технички концепти
- Подготвеност за учење на нови технологии и позитивен пристап кон личен и професионален раст
- Ориентираност кон резултати, одговорност, посветеност
- Аналитички вештини и вештини за решавање проблеми
- Вљубеник во технологијата
Ако сте подготвени да се придружите на тимот кој го движи дигиталниот трансформациски пат на нашата компанија, испратете ја вашата апликација!
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МКТ
Работно време:
- Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!