Vrabotuvanje.com - Сервис инженер / Сервис техничар - Скопје - ЈУГОИМПЕКС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервис инженер / Сервис техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЈУГОИМПЕКС ДОО Скопје
  • Адреса: ул.Качанички пат бр.256, 1000 Скопје
  • Веб страна: https://yugoimpex.com/

 

Југоимпекс, компанија со 35 годинишна традиција, и водечкиот дистрибутер на премиум машини за дрвна индустрија во Македонија и Косово, бара високо мотивиран и квалификуван сервис инжинер или сервис техничар за теренска поддршка да се приклучи на нашиот тим.

СЕРВИС ИНЖЕНЕР / СЕРВИС ТЕХНИЧАР

Потребни квалификации:

  • ВСС Дипломиран машински инжинер, насока Мехатроника, или
  • Најмалку 3 години претходно работно искуство во одржување индустриски машини и опрема
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета како предност
  • Способност за решавање проблеми и внимание кон детали
  • Прилагодливост за работа во тим и самоиницијативност за индивидуална работа. 

 

Клучни одговорности:

  • Инсталација, обука, одржување и сервис на машини за дрвна индустрија.
  • Дијагностицирање технички проблеми и обезбедување ефективни решенија за минимизирање на застојот кај клиентите.
  • Превентивно одржување на опремата и машините на клиентите.
  • Соработка со, и поддршка на тимот за продажба со цел задоволство на клиентите.

 


Бенефиции:

  • Високо конкурентна плата и бонуси според резултатите и личниот успех.
  • Дополнителни годнишни бонуси според тимскиот успех. 
  • Континуирана обука и можности за професионален и личен развој, финансирани од компанијата. 
  • Прилика за работа со водечки брендови на машини како Holz-Her, Blum, Weinig, Essetre и други.
  • Динамична работна средина со силен тимски дух.
  • Службено возило достапно и за приватна употреба.
  • Лична ICT опрема, достапна и за приватна употреба.
 
 

 

Вашето CV може да го испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака за која позиција аплицирате.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде