Vrabotuvanje.com - Експерт за опрема за кафе - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Експерт за опрема за кафе

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ЕКСПЕРТ ЗА ОПРЕМА ЗА КАФЕ

ШТО НУДИМЕ: 

  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • 24/7 осигурување од незгода

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Менаџирање на надворешни соработници и сервисни техничари
  • Вршење контрола и евалуација на перформансата на надворешни соработници и сервисни техничари
  • Осигурување дека опремата за кафе и процесите помагаат во растот на нашиот бизнис и ги задоволуваат потребите на пазарот
  • Информирање на сервисните техничари за сите новитети и модификации околу опремата за кафе
  • Постојан контакт со купувачи и вршење редовни проверки на опремата кај купувачите

ШТО БАРАМЕ

  • 3+ години искуство на иста или слична позиција
  • Универзитетска диплома од технички факултет
  • Техничко познавање на опрема за кафе
  • Одличен говорен и пишан Англиски јазик
  • Познавање на SAP системот за работа
  • Одлични комуникациски вештини
  • Ориентираност кон продажба и купувачи
  • Став за постојано подобрување и оптимизација на процесите
  • Постојана желба за личен раст и развој
  • Многу добро познавање на MS Office алатки( Word, Excel, Power Point)
  • Познавање во областа на финансии и контрола на трошоци

 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 15.02.2025г.

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде