Vrabotuvanje.com - Продажен асистент - Скопје - МАГНЕТИК ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Продажен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАГНЕТИК ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.magnetik.com.mk

   

                          

МАГНЕТИК вработува ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во своите продажни салони

 

Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи со над 25 продажни франшизни салони, мегу кои два мултибренд и повеќе аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во  Ист гејт мол, Рамстор мол, Сити мол, Капитол мол и Дајмонд мол, како и три угостителски објекти Амигос, Мексикански ресторани во реонот на Скопје.

Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Patrizia Pepe, Twinset, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија. Дополнително застапени сев и Studio Max Mara, Max Mara Leisure, Sportmax Code, Selfportrait, Joseph Ribkoff. Уште при самото нејзино основање, целта беше да се создаде врвна компанија која на нашиот пазар ке донесе производи од светски познати марки со прифатливи цени за нашиот пазар. Филозофијата на Магнетик е насочена кон пазарот, обрнувајки особено внимание и почитување на потребите на потрошувачите, нудејќи им квалитетна услуга и најнови модни трендови.

 

Во моментов има отворено слободна работна позиција за

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
во продажните салони на Магнетик

Ако сте самоуверени, комуникативни, ако ја сакате модата и сакате да работите со луѓе, а може да се пофалите и со позитивен став - ова е работа за вас! 

Потребни квалификации:

 

  • Минимум средно образование,
  • Искуството во продажбата ќе биде земено како предност, но не е задолжително.

Одговорности:

  • Активна продажба и професионално советување на клиенти,
  • Прием и изложување на нови колекции,
  • Одржување на уредноста и изгледот на продажниот салон согласно барањата на брендот,
  • Работа на каса и издавање основна документација.

Други вештини кои ќе ви помогнат во оваа кариера:

  • Да се биде силен тимски играч,
  • Учтив и услужлив,
  • Добро снаоѓање со броеви,
  • Трпеливост (секогаш ќе има луѓе кои поставуваат прашања).

Ние нудиме:

  • динамична и пријатна работна средина,
  • можност за професионален развој,
  • конкурентна плата и бонуси според постигнатите резултати.

АПЛИЦИРАЈТЕ ДЕНЕС И СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНА МОДНА ПРИКАЗНА!

Аплицирајте преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде