Во насока на отворање на нови пазари и зголемување на производството во нашиот Тим вработуваме
ТЕХНИЧАРИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ОДРЖУВАЊЕ (2) двајца извршители
Работни задачи:
- Поставува електро инсталации во објектот
- Врши хаусмајсторски поправки и отклонување на дефекти на инсталации
- Поставува и ги поврзувасо опрема
- Прави фина монтажа на расвета, прекинувачи, приклучоци, системи за контрола на пристап.
- Врши монтажа на кабелски регали.
- Монтира разводни ормани и спојување на истите.
- Врши демонтажа и монтажа на електрични пумпи.
- Врши монтажа и демонтажа на вентилатори.
- Се грижи за добрата состојба на сите електронски апарати во објектот на компанијата.
- Монтира и сервисира електронски апарати и машини кои ги користат работниците во фабриката.
- Дава иструкции и ги обучува работниците за користење на електричната опрема, доколку е потребно;
- Комуницира со компаниите од каде се набавени екетричните апарати, во случај на потребен сервис на истите.
- Врши дневен увид на електричните апарати, за да се провери нивната исправност.
- Дава сугестии и предлози до менаџерскиот тим за одредена опрема, доколку е потребно стручно мислење во однос на некој од апаратите.
- Извршување на технички зафати во административните и производствените простории.
- Контрола и пријавување на сите недостатоци и проблеми на опремата и имотот.
- Контрола на сите уреди, како и контрола на сите технички операции.
- Приклучување на техничка опрема и расветните тела.
Потребни квалификации на нашите кандидати:
- ССС- средно образование(стручно)
- Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција)
- Работно искуство во производство, ќе се смета за предност
Компанијата има организиран превоз до работа и назад
Работно време во смени 07:00 – 15:00часот и 14:00 - 22:00часот
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:
- Одговорност
- Доверливост
- Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
- Способност за тимска работа
Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.