Vrabotuvanje.com - Вилушкарист - Скопје - ТЕХНОТРАНС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТЕХНОТРАНС ДООЕЛ

Технотранс е водечка логистичка компанија која работи во Македонија повеќе од 15 години. Партнери сме на неколку глобални компании. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа со што остваруваат врвни резултати и поставуваат високи стандарди во работењето. Како компанија која исклучително ги цени своите вработени ние постајоно инвестираме во нивен развој и унапредување на условите за работа.

Во моментов поради планско зголемување на оперативните капацитети бараме мотивиран кандидат кој би се приклучил на нашиот тим.

Вилушкарист

Работни обврски: 

  • Управување и манипулација на палети со вилушкар
  • Користење на софистицирани уреди за евиденција и контрола на движење на роба во магацин
  • Придржување кон постапките и упатствата на компанијата, како и кон мерките за безбедност и заштита при работа

Услови: 

  • Искуство во работа со вилушкар или технички предзнаења за управување на вилушкари ќе се сметаат за предност
  • Способност за тимска работа во динамична средина
  • Самоиницијативност, темелност, енергичност и целосна посветеност на работата
  • Организираност и одговорност
  • Подготвеност за работа во смени
  • Работа со високотехнолошки апарати.
  • Способност за следење на инструкции за работа и работни упатства
  • Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи

Што нудиме? 

  • Фиксен и варијабилен надоместок на плата кој достигнува до 40.000 денари со можности за зголемување и голема дополнителна заработка
  • Исплата на минат труд
  • Работа во добра работна средина и атмосфера
  • Стабилна работа со можност за напредок
  • Осигурани на полно работно време
  • Обезбеден квалитетен топол оброк
  • Годишен одмор
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Повеќе пати во годината обезбедени бесплатни пакети производи

Аплицирајте со испраќање на вашата кратка биографија преку ПОЛЕТО ЗА БРЗА АПЛИКАЦИЈА

Напомена: Само апликациите на кандидадите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат разгледани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде