Агроном во индустрија за производство на канабис за медицински цели
Росоман
Рок за пријавување:
- Синцеритас АД Скопје
- Адреса: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје
Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД
АГРОНОМ ВО ИНДУСТРИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КАНАБИС ЗА МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ
ОПИС НА РАБОТАТА
Фармацевската компанија Синцеритас со производствени капацитети за производство на канабис за медицински цели лоцирана во Росоман бара искусен агроном да се приклучи на нашиот тим во развојот и управувањето со производството на канабис за медицински цели. Кандидатот треба да има искуство и знаења во агрономијата, со фокус на иригација, цветање, управување со мајки, клонови и вегетација. Работата вклучува активна улога во управувањето и оптимизацијата на процесите на растење на растенијата, со цел да се постигнат максимални приноси и висок квалитет на производите.
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Управување и надзор над процесите на иригација за ефикасно снабдување на растенијата со потребната вода и нутритиенти.
- Следење на фазите на цветање и растење, обезбедување оптимални услови за развој на канабис растенијата.
- Управување со мајки и клонови, вклучувајќи правилно засадување, грижа и трансплантација.
- Применување на агрономски техники за подобрување на квалитетот и количината на производите.
- Оптимизација на условите за растење, обезбедување на стабилна и контролиранa средина.
- Работење со тимот за имплементирање на стратешки планови за растење на канабис и идентификување на потенцијални подобрувања во производниот процес.
ПОЖЕЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ и искуство:
- Завршен Земјоделски факултет или сродни области.
- Искуство во работа со канабис растенија и познавање на специфичните потреби на индустријата.
- Искуство во работа со иригациони системи.
- Познавање на процесите за вегетација, цветање, како и работа со мајки и клонови.
- Способност за работа во динамично и брзо развивачко опкружување.
- Познавање на принципите на одржливото земјоделство и ефикасно управување со ресурсите.
- Способност за работа во тим и одлични комуникациски вештини.
НУДИМЕ:
- Конкурентна плата и можности за професионален развој.
- Можност за работа во иновативна и растечка индустрија.
- Поддршка и обука за стекнување нови вештини и знаења.
- Пријателска и креативна работна средина.
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Земјоделство, Шумарство и Риболов изнесува 20.475 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!