МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk
МОТОЦЕНТАР вработува:
ВУЛКАНИЗЕРИ
во Скопје: Кисела Вода, Нерези, East Gate
Одговорности:
- проверка на гуми и проценка на штета на гумите;
- подготовка на гумите за вулканизирање
- извршување на процесот на вулканизирање;
- балансирање, монтажа, демонтажа на гуми и проверки
Потребни квалификации:
- Средно образование
- Со и без работно искуство
- Способност за работа во тим
Што нудиме:
- работа во стабилна компанија,
- месечни бонуси,
- подарок за роденден
- бонус за препорачан пријател
- динамична атмосфера
- можност за персонален и професионален развој
- Team building активности
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 28.02.2025