Vrabotuvanje.com - Машински инженер во Одделение за машинско одржување. - Охрид - Inospektar dooel
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински инженер во Одделение за машинско одржување.

Охрид

Рок за пријавување:

  • Inospektar dooel

ИНОСПЕКТАР  повеќе од 30години успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. ИНОСПЕКТАР  ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за ИНОСПЕКТАР стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

ИНОСПЕКТАР објавува оглас за вработување на:

Машински инженер во Одделение за машинско одржување.

Избраниoт кандидат ќе бидe дел од тимот за машинско одржување на опремата во фабриката применувајќи ги најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, учество во подготовка и имплементација на нови проекти.

Ќе биде задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, компаниските процедури, следејќи ги националнте законски регулативи за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим. Активна комуникација со другите оддели. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Квалификации на кандидатите:

  • Машински инженер, ВСС/VII степен
  • Работно искуство од 2 години ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик, германски јазик ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини – MS Office, AutoCAD (2-D), MS Project, познавање на AutoCAD 3-D и Инвертор ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања,
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

 

Што нудиме

  • Основна нето плата за работното место: 45.000,00 ден.-55.000,00 ден.
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на месечен бонус за остварени резултати
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи,
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина.
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Огласот трае 20 (дваесет ) дена од денот на објавувањето. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

 Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат ,своите биографии можат да ги испратат електронски преку повето брза апликација или да не контактираат на следнниот број 071232322 од 07-15 часот

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ИНОСПЕКТАР ДООЕЛ  и истите да бидат зачувани во дата базата на ИНОСПЕКТАР ДООЕЛ   

*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: office@inospektar.com

 

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде