Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување на машини во производство - Охрид - Inospektar dooel
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничар за одржување на машини во производство

Охрид

Рок за пријавување:

  • Inospektar dooel

ИНОСПЕКТАР  повеќе од 30години успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. ИНОСПЕКТАР  ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за ИНОСПЕКТАР стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

ИНОСПЕКТАР објавува оглас за вработување на:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - 2 КАНДИДАТИ

Главни задачи и одговорности:

  • Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
  • Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини
  • Го обезбедува функционирањето и усогласувањето на производствениот процес
  • Ги лоцира и пријавува слабите точки
  • Ги одредува причините за дефектите, застојот на едноставна опрема со механички, хидраулични, пневматски, електрични, компоненети
  • По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации
  • Активна комуникација со другите оддели

Квалификации на кандидатите:

  • Минимум завршено средно електро или машинско техничко образование
  • Познавање на Eлектротехника, Електроника и Механика
  • Основно разбирање електротехнички шеми и технички цртежи
  • Познавање и способност за користење на рачен алат
  • Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
  • Прецизност, работливост и флексибилност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Со или без работно искуство
  • Претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини.

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања,
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

 

Што нудиме

  • Основна нето плата за работното место: 32.000,00 ден.- 42.000,00 ден.
  • Исплата на регрес и минат труд
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на месечен бонус за остварени резултати
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи,
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина.
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Работно време: во две  смени.​

Огласот трае 20 (дваесет ) дена од денот на објавувањето. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

 Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат ,своите биографии можат да ги испратат електронски преку повето брза апликација или да не контактираат на следнниот број 071232322 од 07-15 часот

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ИНОСПЕКТАР ДООЕЛ  и истите да бидат зачувани во дата базата на ИНОСПЕКТАР ДООЕЛ   

*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: office@inospektar.com

 

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде