Раководител за тргување со енергија
Скопје
Рок за пријавување:
- The HeadHunter Group
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, иновативна компанија за вработување и регрутација, присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД, нуди висококвалитетни решенија во менаџментот на човечки ресурси.
За потребите на нашиот клиент ОКТА АД-Скопје, членка на HELLENiQ Energy Групацијата - една од водечките енергетски групи во Југоисточна Европа, бараме:
РАКОВОДИТЕЛ ЗА ТРГУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА
Задачи и одговорности:
- Зголемување на енергетското портфолио во делот на тргување со електрична енергија и соодветно зголемување на бројот на корисници во балансната група на ОКТА
- Координација и планирање на количините на електрична енергија потребни за тргување на дневна, месечна и годишна основа
- Преглед на трансакции со електрична енергија
- Преглед на билансните податоци за електрична енергија
- Евалуација на доставени понуди од тендери за трговија со електрична енергија
- Координација на трансакциите за доставена електрична енергија до соодветни институции.
- Координација на договорите за трговија со електрична енергија, како и договори со клиенти, снабдувачи со енергија и трговци
- Обработка на документација за упрaвување со ризик за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
- Обработка на CCP за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
- Подготовка на предлог на годишен и петгодишен бизнис план
- Извршување на други работни задачи од областа на стручната квалификација, дадени од претпоставениот.
Потребни квалификации:
- Висока стручна спрема од областа на Електротехника, Машинство или слична сродна област;
- Минимум 3 (три) години релевантно работно искуство во трговија со електрична енергија, особено во трговија на големо (работно искуство во трговија со регионални берзи ќе се смета за предност);
- Познавање и разбирање на Законот за енергетика и други сродни закони и подзаконски акти. Детално познавање на мрежните правила за пренос и дистрибуција;
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање на деловен англиски јазик.
Потребни вештини и компетенции:
- Силни интерперсонални и комуникациски вештини
- Добри организациски вештини и time-management вештини
- Преговарачки вештини;
- Способност за работа во тим;
- Способност за multi-task;
- Одговорност;
- Ориентираност кон резултати;
- Способност за донесување одлуки;
- Професионализам и висок етички стандард.
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Сашка Малиновиќ на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или испратете email на rabota@theheadhunter.com
Пробајте го Head Hunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!