За нас
Обезбедуваме правна експертиза за бизниси, иновациски и технолошки проекти во сите фази на развој. Како адвокатска канцеларија специјализирана за трговско право, работиме со компании од различни големини – од стартапи и инвеститори (бизнис ангели и акцелератори) до добро воспоставени компании. Нашите клиенти делуваат во области како што се софтверски развој, иновации, дигитализација, образование, маркетинг и дизајн, транспорт и логистика. Нашите услуги вклучуваат основање и регистрација на компании, инвестициони процедури и правни ревизии, издавање правни мислења, дозволи за работа и престој, изработка на договори и сите други правни аспекти што му се потребни на еден бизнис. Повеќе инфо за нас на www.almelaw.com
Нашата мисија е да обезбедиме постојана правна сигурност на нашите клиенти, преку градење на долготрајна доверба и соработка.
Нашата визија е да станеме прв избор на претприемачите и иноваторите во земјава и регионот.
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК
Опис на позиција:
Како адвокатски приправник во ALME LAW, ќе бидете вклучени во:
- Подготвување и истражување на правни прашања, со посебен акцент врз правните аспекти на IT секторот и стартапите.
- Изработка на правни акти, договори, писмени поднесоци и други документи под стручното менторство на искусни адвокати.
- Комуникација со институции, судови и клиенти, како и активно учество во секојдневните работни состаноци и интерни обуки.
- Поддршка на адвокатскиот тим во различни правни постапки и проекти, што ќе ви помогне да ја продлабочите вашата стручност и практично знаење и ќе се оспособите за полагање на правосуден испит.
Барани квалификации и способности:
- Завршени или последна година на мастер студии по правни науки.
- Добро владеење на англискиот јазик; дополнително знаење на други странски јазици е предност.
- Интерес и афинитет кон IT технологиите, работа со дигитални алатки.
- Тимска ориентираност, само-иницијативност и висока организираност.
- Одговорност, професионален пристап и желба за континуиран развој во правната струка.
Што нудиме:
- Менторска поддршка и можности за континуирана обука и професионален развој.
- Конкурентски приправнички паричен надомест.
- Вклученост во динамична работна средина која ги прифаќа и негува најновите дигитални трендови.
- Поттикнувачка атмосфера за учење и напредување во кариерата.
- Работа со тим од искусни професионалци и со интересни, иновативни проекти кои влијаат на модерната правна пракса.
Аплицирање:
Доколку сте мотивирани да се приклучите кон нашиот тим, ве молиме испратете:
- Кратка биографија (CV)
- Мотивационо писмо (во кое ја опишувате вашата мотивација и очекувања)
- Дополнителни документи или препораки (доколку ги имате)
Аплицирајте преку полето Брза Апликација со наслов „Пријава за Приправник“.
Краен рок за пријавување: 15.02.2025 година.
Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме вашите пријави и да ве запознаеме во нашиот иновативен и динамичен тим.
ALME LAW – Вашиот правен партнер во дигиталната ера.