Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - ГРАНД - ЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГРАНД - ЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
  • Адреса: Борис Трајковски Бр. 194A, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.grand-eksport.com.mk/

 

"Гранд – Експорт“ е приватна компанија основана во 1992 година во Скопје, Република Македонија. Во текот на изминатите 25 години, таа се етаблира како брзорастечки лидер во трговијата и дистрибуцијата во регионот на Југоисточна Европа. Компанијата е формирана и водена од професионалци со истакнато искуство и експертиза, носејќи јасна визија за поставување и надградување на нови стандарди во продажно-дистрибутивното деловно работење.
 
ГРАНД - ЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има потреба од

Технолог

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.

Квалификации:

  • ВСС
  • Работно искуство 3 до 5 години  во областа на прехрана

Должности и Одговорности:

  • Ги контролира техничко-технолошките процеси во производството,.
  • Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
  • Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната IFS, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
  • Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
  • Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
  • Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
  • Искуство со системи за управување со квалитет и безбедност на храна
  • Одговорност и доверливост
  • Прецизност и лична одговорност во работењето
 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?

Ги очекуваме Вашите апликации со цел да се придружите на нашиот тим! 

Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде