Vrabotuvanje.com - Менаџер за човечки ресурси - Куманово - ТЕРМАЛИФТ ДД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за човечки ресурси

Куманово

Рок за пријавување:

ТЕРМАЛИФТ, Водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи. Резервни делови, Персонални и Товарни лифтови.

Има потреба да вработи:


МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
 

Опис на работно место:

  • Регрутација и селекција на кадри
  • Креирање и одржување на тековни огласи за вработување
  • Изработка на План за развој и обука на вработените
  • Организирање на обуки во сите сектори на компанијата (продажба, пост-продажба, набавки, администрација, технички обуки и слично)
  • Управување со перформанси на вработените преку имплементација на систем за следење и евалуација на перформансите на вработените
  • Управување и контрола со кадровска администрација за водење на персонални досиеја, договори за работа и следење на усогласеноста со законите за работни односи
  • Имплементација на процедури и правила поврзани со работно време, отсуства и други административни аспекти
  • Мотивација и задржување на вработените преку развивање на стратегии за мотивација на вработените
  • Организација на HR настани (нова година, 8ми март, тим-билдинг активности, детски прослави и сл...) спрема годишен план
  • Водење на редовност на вработените и разговор доколку некој работи вон поставените правила, известување на генералниот менаџер

Поставеност во организација:

  • Директно одговара на Сопственикот / Генералниот Менаџер
  • Раководи со тим од 1 човек (HR асистент)

Знаења и вештини:

  • Одговорност за навремено и точно ажурирање и водење на персоналните досиеа на вработените
  • Одговорност за квалитетна регрутација и селекција на кадри
  • Одговорност за изработка на месечните и годишните планови и извештаи
  • Одговорност за чување и заштита на лични податоци орност спрема работата и компанијата
  • Способност за раководење и контролирање на работата и обврските
  • Одлични интерперсонални вештини
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини
  • Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати
  • Позитивен ментален став
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови

Потребно:

  • Завршено Виско Образование
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично владеење на MS Office package
  • Возачка дозвола - Б категорија

Компанијата нуди:

  • Високо конкурентна плата во зависност од покажаниот резултати. (Платата е пониска за времетраење на обуката)
  • Бонус плата за остварени цели
  • Обуки и тренинзи во областа која работи.
  • Модерни, Високо квалитетни услови за работа.
  • Платени патни трошкови.
  • Годишни рекреативни семинари со комапнијата

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации
СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!
  • Компанијата се наоѓа во Куманово
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.30 до 16.30 часот, од понеделник до петок

ТЕРМАЛИФТ Куманово е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина

Вашето CV испратете го преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде