Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
“Систина Офталмологија“ е најголема и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата. Располага со еден дијагностички и оперативен центар во Скопје и четири дијагностични центри во државата.
Поради проширување на својот тим во Скопје „Систина Офталмологија“ објавува оглас за вработување на:
БОЛНИЧАР
Потребни квалификации:
Завршено средно образование;,
Познавање на англиски јазик,
Претходно работно искуство ќе се смета за предност,
Работа со компјутери.
Личен профил:
Организираност и одговорност,
Одлични комуникациски вештини,
Професионалионален и љубезен однос кон пациентите,
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), преку полето Аплицирај со задолжителна назнака “Болничар “.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани. Сите апликации ќе бидат третирани со доверливост.