АВТОМЕХАНИЧАР (2 позиции)
АВТОЕЛЕКТРИЧАР (2 позиции)
Клучни одговорности:
- Врши поправка и сервисирање према работен налог
- Ги идентификува основните причини за механичките проблеми со анализа на перформансите на возилото и спроведување на тестови на возилата
- Извршува рутински задачи за редовно одржување на возилата
- Се грижи сите поправки да ги исполнуваат високите стандарди за квалитет
- Води точна евиденција за извршените поправки
- Соработува со други членови на тимот (сервисни инженери, сервисни советници или автомеханичари)
- Соработува со магацинот за резервни делови
- Користи специјализирани алатки и дијагностички уреди за откривање проблеми со електричните/механичките системи на возилото
- Должен е да се грижи за уредноста и комплетирање на алатот
- Должен е да ги следи безбедносните процедури
Барања:
- Најмалку III или IV степен - Средна или КВ стручна подготовка
- Со или без работно искуство
- Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба
Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.
Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 14.02.2025 година.