Vrabotuvanje.com - Сервисен советник - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисен советник

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите, Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и седум годишна традиција во автомобилскот бизнис, има потреба од има потреба од енергични и посветени кандидати кои би се придружиле кон нашиот тим во сервис и одржување на возила на позицијата

 

СЕРВИСЕН СОВЕТНИК (1 позиција)

Клучни одговорности:

  • Се грижи и одговара за работењето во сервисот од приемот на возилото, отварање на работен налог па се до реализирање
  • Закажува термини за поправка на возила врз основа на потребите на клиентите и капацитетот на сервисот
  • Врз основа на спроведената дијагностика обезбедува препораки и решенија за решавање на кваровите и проблемите, и обезбедува детални пресметки за трошоците за сервисирање; креира и управува са работниот налог
  • Ја изготвува конечната пресметка за извршените услуги и обезбедува појаснувања за трошоците
  • Предлага дополнителни услуги кои би можеле да бидат корисни за клиентите;
  • Ги следи техничките достигнувања и ги применува во работниот процес;

Барања:

  • Висока стручна подготовка (најмалку VIА степен)
  • Најмалку 2 години работно искуство
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Добри комуникациски вештини
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба

 

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 14.02.2025 година.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде