![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Slatkogram/header.png)
Слаткограм е првата специјализирана продавница за крофни, бејглс сендвичи и италијанско кафе... Но, она што ја прави оваа продавница различна од другите е нејзината приказна. Наместо продавница, ја викаат планета, наместо слаткара, Слаткограм...А наместо традиционално преставување на своите производи, вселенска идеја.
Нашата вселенска продавница го проширува својот тим!
Со цел да ја прошириме нашата листа на вселенски производи решивме и да го прошириме нашиот тим.
ДЕКОРАТОР НА СЛАТКИ ПРОИЗВОДИ
Опис на работната позиција:
- Декорирање на крофни, чоколадни фигури и други слатки производи според утврдени стандарди и креативни дизајни
- Работа со различни техники за украсување (глазури, прехранбени бои, фондан, чоколадни украси)
- Одржување на хигиена и ред во работниот простор
- Правење на кафе
- Работа со каса
- Тимска работа во динамично опкружување
Што бараме?
- Претходно искуство во декорирање слатки производи е предност, но не е задолжително
- Прецизност, креативност и внимание на детали
- Одговорност, организираност и брзина во работата
- Подготвеност за работа во смени
Работно време на продавницата:
- Понеделник – сабота: во смени од 09:00 до 21:00 часот
Што нудиме?
- Работа во модерен и инспиративен простор
- Можност за усовршување и напредување
- Конкурентна плата со можност за бонуси според ефикасноста и креативноста
Рок за аплицирање: 20.02.2025
Плата по договор
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација со наслов „Апликација за декоратор“.
Ве очекуваме!
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Slatkogram/11.png)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Slatkogram/22.png)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Slatkogram/33.png)