Vrabotuvanje.com - Раководител - Менаџер на сервисен центар - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител - Менаџер на сервисен центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Како резултат на стабилен и континуиран раст и желба за задоволување на потребите на купувачите, Аутомакедонија Групација, компанија со најбогата, седумдесет и седум годишна традиција во автомобилскот бизнис, има потреба од има потреба од енергични и посветени кандидати кои би се придружиле кон нашиот тим во сервис и одржување на возила на позицијата

 

РАКОВОДИТЕЛ – МЕНАЏЕР НА СЕРВИСЕН ЦЕНТАР (1 позиција)

Клучни одговорности:

  • Го организира, следи и раководи со работењето во сервисот, по потреба учествува во истото и дава стручна помош
  • Следи и презема мерки за реализирање на планот на сервисот
  • Да врши контрола на расходите и да ги оптимизира трошоците
  • Одговорен е за ефикасно користење на ресурсите во сервисот (стоки, алатки, опрема и простории)
  • Креира извештаи и анализи за перформансите на сервисот со оценка на пазарот и конкуренцијата
  • Ги оценува перформансите на вработените и согласно потребите предлага обуки за развој и постојано усовршување на нивните вештини
  • Придонесува во развојот на стратегии за привлекување нови клиенти и задржување на постоечките

Барања:

  • Висока стручна подготовка (најмалку VIА степен) се преферира машински факултет
  • Најмалку 3 години работно искуство
  • Посветеност, иницијативност, желба за учење и лична надоградба

 

Аутомакедонија Групацијата нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 14.02.2025 година.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде