Vrabotuvanje.com - Асистент во магацин за продажен објект - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во магацин за продажен објект

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Fashion Group има потреба од:

Асистент во магацин за продажен објект

 

Главни обврски:

  • Прием и потврда на примени кутии
  • Отварање и складирање на добиените нарачки
  • Подготовка на производите за продажба (аларми, скенирање, лепење декларации и сл.)
  • Менаџирање и реорганизација на магацинскиот простор според потребите
  • Прелепување на артикли за попусти и промоции
  • Враќање на робата од тековната сезона според инструкциите на компанијата
  • Грижа за хигиената во магацинскиот простор.

Потребни квалификации: 

  • ССС/ВСС
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на работа со софтвери за водење залиха
  • Работа со PDA апарат/псион и сл. уреди за внес на шифри на производи
  • Навременост и самостојност во извршување на работните задачи
  • Пожелно работно искуство

Ние нудиме:

  • Можности за напредок во работата
  • Конкурентна плата и бенефиции за вработените
  • Работно време од понеделник до петок (09:00 до 17:00 часот)


​Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци со обраќање на наведената електронска пошта во огласот.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде