Vrabotuvanje.com - Маркетинг Специјалист - Скопје - ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Маркетинг Специјалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје

                                                                                                                                                                                                                                     

Toyota Авто Центар е овластен импортер на Toyota во Северна Македонија.

Toyota Авто Центар е дел од Inchcape Group, водечки партнер за дистрибуција на возила во светот кој работи со повеќе од 40 автомобилски брендови во светот за да поттикне и овозможи подобра мобилност, денес и во иднина. 18 000 членови на тимот работат на 40  пазари во Инчкејп - во Азија, Австралија и Пацификот; Централна и Јужна Америка; Африка; Европа и Велика Британија. Inchcape Plc., со седиште во Лондон, Велика Британија, котира на Лондонската берза.

Во моментов, ние во Toyota Авто Центар бараме маркетинг специјалист со полно работно време кој ќе биде дел од нашиот тим лоциран во Скопје

МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

• Ако Вашата намера е да одите над предизвиците

• Ако Вашиот став е наметлив и проактивен

• Ако имате пасија за работа со клиенти

ве охрабруваме да аплицирате за оваа работна позиција.

 
Работни задачи и обврски:
  • Да асистира во развојот на маркетинг стратегијата за моделите на Toyota во согласност со севкупните деловни цели на компанијата
  • Да го поддржува извршувањето и развојот на стратегијата на Тоyota на пазарот
  • Да асистира во спроведувањето и извршувањето на годишните планови за брендот
  • Да придонесува во планирањето и прогнозирањето на продажбата вклучувајќи го и ценовното позиционирање
  • Да асистира во развивање стратегии за ценовното позиционирање на производите и следење на активностите на конкурентите
  • Поддршка на продажниот тим со информации поврзани со производите како и обуки за производите
  • Координирање на активностите за комуникација на производите и брендот, вклучително и креативно и медиумско управување преку надворешни агенции
  • Поддршка во извршување на ПР активности и настани
  • Активно работење на кампањи за генерирање на лидови: концепт, развој, имплементација и комуникација со агенција
  • Контрола на инвестициите за маркетинг и известување за истите
  • Мониторинг на активностите на конкуренцијата и известување
  • Тесна соработка со тимот за продажба и постпродажба
  • Поддршка во обезбедувањето на најдоброто клиентско искуство во бизнисот преку анализа и презентација на резултатите од клиентските програми
  • Подготовка на редовни извештаи, врз основа на барањата на компанијата
Потребни вештини и искуство:
  • Минимум 4 годишно искуство во маркетинг /бизнис, маркетинг агенција
  • Универзитетска диплома
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Страст за автомобили и технологија
  • Добри аналитички вештини и способност за презентирање на податоците на визуелно атрактивен начин
  • Ориентиран кон акција со докажана способност за постигнување резултати
  • Добри комуникациски и презентациски вештини
  • Желба за учење
  • Способност за работа во постојано променливо опкружување
  • Креативно размислување, способност за решавање на проблеми со иновативен пристап
  • Искуство во управување со комуникациски кампањи, главно дигитални кампањи
 

 


Вашата професионална биографија CV може да ја испратите  преку полето Брза Апликација.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде