Административен работник
Скопје
Рок за пријавување:
- Чеза Комерц ДОО
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа, има потреба од:
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
1 извршител
Услови:
- Основно познавање на англиски јазик
- Основно познавање на MS Office пакетот
- Способност за учење/адаптација за користење на софтвери на управителот
Личен профил:
- Флексибилност, педантност, прецизност и точност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Аналитичност, прецизност, работа во динамично опкружување
- Професионален однос кон работата и енергичност
Одговорности и задачи:
- Вршење на административно-технички работи прием на документи со читач на баркодови, проверка, редење и следење на непроверени документи
- Корекција на документи
- Отворање на нови клиенти, корекција на веќе постоечките и корекција на лимитите
- Вршење на административно-технички работи
- Управување со административна документација
- Асистирање во дневното работење
- Градење и одржување на релации со клиенти
- Следење на компаниските правила и процедури
Ние нудиме:
- Одлична плата
- Позитивна и пријатна работна атмосфера
- Можност за напредување
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-маил адреса rabota_cezakomerc@yahoo.com со задолжителна назнака на апликацијата “ЗА ОГЛАС ЗА АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК – 1 извршител“
Напомена:
- Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
- САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!