Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Основата на која се темели работењето на компанијата е широко распространетата дистрибутивната мрежа, а континуираното воведување нови процедури, системи и алатки за унапредување на работата се потврда за посветеност кон раст и развој.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(за реон Југозапад)
Работни задачи и одговорности:
- Врши активна продажба, со цел ширење на мрежата на Коминтенти и застапеноста на производите од портфолиото на Компанијата,
- Врши дистрибуција на производите според однапред дефиниран ‘’рут’’ план,
- Обезбедува континуирана оптимална залиха на стока за сопствените дневни продажби,
- Обезбедува оптимална залиха на стоки кај сите свои Коминтенти, минимизира и отклонува Out of stock ситуации,
- Спроведува активности за навремена наплата од Коминтентите и за ненаплатени побарувања од истите,
- Спроведува активности поврзани со мерчендајзингот на производите во продажните места на Коминтентите, соодветно магационирање, следење на рок на траење според ФИФО стандард, како и поставување на рекламни ПоС материјали со запазување на потребните стандарди,
- Активно го следи пазарот на соодветните индустрии и детектира конкурентски активности,
Потребни квалификации:
- Образование: ССС
- Искуство: минимум 3 години на слична работна позиција
- Возачка дозвола Б категорија
- Предност ке имаат кандидатите со место на живеење во Охрид
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку копчето аплицирај или со доставување на биографија (CV) електронски на recruiter@gemak.com.mk со назнака ,, Оглас за Комерцијалист “ , за повеќе информации јавете се на 071 388 969