Executive Marketing Assistant / Маркетинг асистент
Скопје
Рок за пријавување:
- ВИТАЛИА Никола и др. доо
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Vitalia/Novi/Header final.png)
ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.
Зошто Виталиа?
Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознат во 55 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од Производство до Продажба, имаат заедничка цел: да креираме комплетно задоволство на клиентите, да ги инспирираме потрошувачите кон здрави прехранбени навики и да градиме култура на здраво живеење.
Бараме високо организирана и мотивирана индивидуа да се приклучи на нашиот динамичен маркетинг тим како Извршен Маркетинг Асистент. Оваа улога е клучна во поддршката на целиот маркетинг тим, обезбедувајќи непречено работење и придонесувајќи за успехот на нашата компанија за здрава храна.
Бараме
Обврски и одговорности:
- Асистенција при управување на дигиталните платформи и комуникациски канали на компанијата
- Предлагање и спроведување на маркетинг стратегии, промоции и настани
- Истражување за трендовите во индустријата, активностите на конкуренцијата и однесувањето на потрошувачите.
- Асистенција во развојот и извршувањето на Маркетинг Кампањи во Македонија и Регионот, од концепт до реализација
- Користење на аналитички алатки за следење и анализа на клучните индикатори за перформанси (KPI) поврзани со маркетинг активности.
- Асистенција во организација на промоции, настани и едукативни работилници
Квалификации:
- Високо образование ВСС ( Маркетинг, Бизнис, Е-трговија, Дизајн)
- Мин. 1 година работно искуство во Маркетинг сектор или Маркетинг агенција ќе се смета за предност
- Течно познавање на англиски јазик ( мин. B2)
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Power Point, Word, Excel, Outlook, Teams)
- B категорија возачка дозвола ќе се смета за предност
- Развиени презентациски и комуникациски вештини
- Совесност, одговорност и самомотивираност
- Тимски дух, организираност и систематичност во работењето
Што нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Млад, модерен и динамичен тим
- Платен превоз
- Обезбеден оброк
- Континуирана обука за надградување на работните вештини
- Тим билдинг настани
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Виталиа, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Vitalia/Novi/1.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Vitalia/Novi/2.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Vitalia/Novi/3.jpg)
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Маркетинг, ПР и Медиуми изнесува 28.527 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!