Vrabotuvanje.com - Инженер / Архитект - Скопје - СИТИ БИЛД ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер / Архитект

Скопје

Рок за пријавување:

  • СИТИ БИЛД ДООЕЛ Скопје

City Build е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.

Нашиот тим брои 130 посветени работници, и зад нас оставивме над 55 комплетирани објекти во Македонија.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

Фирмата СИТИ БИЛД ДООЕЛ има потреба од:

ИНЖЕНЕР / АРХИТЕКТ

 
 
Друштво за градежништво, проектирање и инженеринг Сити Билд Дооел Скопје има потреба од вработување на дипломирани инженери архитекти со минимум работно искуство од две години, со силни комуникациски и организациски, технички, дигитални и креативни вештини
 
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование ВСС – Архитектонски факултет
  • Работно искуство од минимум две години во областа на проектирање и изведба на објекти од високоградба.
  • Поседување на овластување Б за проектна документација и овластување Б за изведба на градби (Овластувања А и овластувања за надзорен инженер за градби ќе се сметаат за предност).
  • Одлично познавање и работа со компјутерските програми: MS Office, AutoCad, ArchiCAD, 3ds Max, Adobe Photoshop и др.
  • Познавање на Англиски јазик
  • Комплетно менаџирање на проекти и работни задачи, водење на постапки за одобрение за градба, почитување на работните правила, посветеност и одговорност во извршување на работните задачи, силни комуникациски и организациски вештини, колегијалност и тимска работа.
  • Возачка дозвола Б категорија
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација со напомена за која позиција аплицирате.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Архитектура изнесува 25.340 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде