Vrabotuvanje.com - Стручен соработник - Aдминистрирање на мрежи и сигурност - Скопје - Централна кооперативна банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стручен соработник - Aдминистрирање на мрежи и сигурност

Скопје

Рок за пријавување:

  • Централна кооперативна банка АД Скопје

 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo:  Стручен соработник - Aдминистрирање на мрежи и сигурност

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работен однос на неопределено време

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

  • Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
  • Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски
  • Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски
  • Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips)
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
  • Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура
  • Администрирање и извршување на регуларни резервни копии
  • Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
  • Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми,
  • мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски
  • Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на
  • Компјутерски мрежи
  • Предлага нови технологии, прави соодветна анализа извештаи
  • Поддршка за одредени клиенти во банката
  • Електронско банкарство и мобилно поддршка

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување
  • Конфигурација и интеграција на нова мрежна опрема во постоечката инфраструктура
  • Искуство со network security, LAN, WAN, FW, VPN и VoIP
  • Познавање на динамички рутирачки протоколи (BGR,OSPF,EIGRP)
  • Пожелно е искуство во работа со Cisco, CheckPoint, Sophos, Microtik, Fortinet технологии
  • Позитивен приод кон работата
  • Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk .

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.02.2025 година.

Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308      

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде