Vrabotuvanje.com - Сервисер за одржување на медицинскa oпрема и инструменти - Скопје - ФАРМАХЕМ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сервисер за одржување на медицинскa oпрема и инструменти

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФАРМАХЕМ ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: Кичевска бр. 1, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.farmahem.com.mk

ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕ
има потреба од: 

Сервисер за одржување на медицинскa oпрема и инструменти

Барања за позицијата:

  • Средно стручно техничко образование (или сроден факултет електротехнички/машински)
  • Минимум 3 години искуство од област на сервисирање
  • Познавање компјутерски технологии, хардвер, инсталирање и конфигурирање софтвер, компјутерски мрежи, електроника
  • Одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување)
  • Предност ќе имаат кандидати со препораки од претходно работно искуство
  • Желба за учење нови работи, логика и аналитичност во размислувањето, висока организираност и прецизност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, одговорност, мотивираност, комуникациски вештини
  • Тимска работа со колегите
  • Поседување Б возачка дозвола и активно возење

Работни задачи:

Сервисерот ќе ги има следниве задачи:

Работа во просториите на Фармахем Сервис како и посетa на клиентите од биохемиските лаборатории заради одржување и сервисирање инструменти од областа на медицината (хематолошки бројачи, биохемиски анализатори, имунолошки анализатори, гасни анализатори).

Нудиме:

  • Атрактивна и динамична работа
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа
  • Можност за брзо напредување во кариерата

Позицијата е со седиште во Скопје на ул. „Шар Планина“ бр. 20, индустриска зона на Ѓорче Петров.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија преку Брзата Апликација најдоцна до 25.02.2025
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде