![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/se/Za nov sajt/Deni International/Header.png)
За нас
Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт. Возниот парк во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува.
Стратешките цели на Дени Интернационал се насочени кон зголемување на профитот, континуиран раст и развој на организацијата и проширување на дејноста во соседните држави. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка. Возниот парк во сопственост на Дени Интернационал се состои од 90 товарни возила наменети за меѓународен транспорт и локална дистрибуција, сите опремени за транспорт на различни видови роба (палетизирана / непалетизирана, опасни материи – АДР, итн.).
ДМТШ Дени Интернационал има потреба од вработување на административен работник во возен парк.
Административен работник во возен парк
Услови кои треба кандидатите да ги исполнуваат:
- Завршено средно образование/ високо образование
- Познавање на Англиски јазик и Microsoft Officе
- Возачка дозвола Б категорија
Заинтересираните кандидати треба да достават свои податоци (CV) преку полето Брза Апликација.
По истекот на рокот за поднесување, ќе биде спроведено интервју со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови.