Возач / Дистрибутер со Ц категорија
Реон: Скопје - Качанички пат бр.264 (Визбегово)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум завршено средно образование
- Најмалку 2 години активно работно искуство во областа на дистрибуцијата на стоки
- Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност
- Професионално однесување и организираност
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, чесност, одговорност и брзина во работењето
одговорност и работни задачи:
- Испорака на стока до купувачот со доставно возило според фактурата по дефинирана рута за движење на возилата
- Се грижи за квалитетот на стоката за време на транспортот
- Се грижи за квантитет и квалитет за повратот на стока во магацин
- Одговорност за техничката и хигиенската исправност на возилото
- Задолжување и раздолжување на документи (фактури, товарен лист, патен налог...итн)
- Води точна и прецизна евиденција за поминати километри и гориво на месечно ниво
- Врши и други работи по налог на предпоставениот
ВИ НУДИМЕ:
- Конкурентна месечна нето плата + варијабилен дел
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Можност за напредување во работата и награди/бонуси за работна успешност и посветено извршување на работните задачи
- Пријатна и динамична работна средина
Доколку ги поседуваш потребните квалификации и си мотивиран заедно со нас да постигнеш професионален успех, те покануваме да го испратиш своето CV на македонски јазик преку полето Брза Апликација најдоцна до 28.02.2025 година.