![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/2024/Dora Invest/Header.jpg)
ОПЕРАТИВЕН АСИСТЕНТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ
Бараме амбициозен и организиран Оперативен асистент за недвижности кој ќе биде одговорен за истражување на пазарот и внесување нови имоти во нашиот систем.
Што ќе работите?
- Пронаоѓање на нови недвижности кои се нудат за продажба и издавање;
- Контактирање на сопственици и договарање соработка;
- Внесување и ажурирање на податоците за имотите во базата;
- Координација со брокерите на терен.
Што бараме?
- Одлични комуникациски и истражувачки вештини;
- Познавање на работа со компјутер;
- Организираност, експедитивност и внимание на детали;
- Брзина и ефикасност при внесување податоци;
- Самостојност во работата;
- Познавање на пазарот на недвижности е предност.
Што нудиме?
- Фиксна плата 35.000 денари + бонуси;
- Обука и можност за напредок;
- Работа во успешна и динамична компанија.
Ако сте мотивирани да истражувате, комуницирате и придонесувате за развојот на Дора Инвест, испратете ја вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
Аплицирајте сега и станете дел од нашиот тим!
Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.