Vrabotuvanje.com - Инженер за развој на ИТ решенија - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Инженер за развој на ИТ решенија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

 
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиновативни продукти, услуги и процеси.  Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи во развојот на ИТ решенијата според највисоките светски стандарди. 
 
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
 
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.  Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината. 
 
Инженер за развој на ИТ решенија  
 

Во моментов бараме Инженер за развој на ИТ решенија  кој ќе се приклучи на нашата динамична работна средина и ќе учествува во развојот на напредни ИТ решенија, користејќи современи технологии и микро-сервисна архитектура организирани според агилна методологија.

 
Работни задачи:
  • Oдговорен и вклучен во целокупните развојни back-end активности за време на спроведувањето на ИТ решенијата
  • Одговорен за имплементација на дизајнот на решенијата и усогласување на барањата за дизајнот со оние на корисникот
  • Разбирање на DevOps концептот и работење со Docker Containers
  • Креирање на шеми на бази на податоци што ги претставуваат и поддржуваат деловните процеси
  • Вешто познавање на алатките за креирање на верзии на кодовите, како што е Git

Потребни квалификации:
  • Технички факултет, ИТ и компјутерски науки, телекомуникации, Електротехнички факултет или други факултети     
  • Напредно познавање на Java/Spring Boot             
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање и искуство со Jira, Confluence и други алатки за управување со проекти
  • Способност за работа во средина каде брзо се извршуваат работните задачи и почитување на крајни рокови, приоритети и ограничувања
  • Способност за работа со Agile и  каскадна методологија
  • Минимум 2 години релевантно работно искуство
 
Што очекуваме:
  • Тимски играч
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Иновативност
 
Што нудиме:
  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:
  • Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот).
 
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Инженер за развој на ИТ решенија.
 
Контакт информации тел. 02/3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 13.02.2025 до 25.02.2025.  
 
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде