Vrabotuvanje.com - Проектен менаџер - Скопје - СИГМА-СБ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • СИГМА-СБ ДООЕЛ
  • Адреса: Лондонска бр.19, локал 35, 1000 Скопје
  • Веб страна: https://sigmasb.com.mk/

 

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.

Повеќе на www.sigmasb.com.mk

Сигма-СБ објавува оглас за вработување за работно место:

 

ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

Мисија на позицијата: 

Водење на успешна имплементација на решенијата на Сигма-СБ кај клиентите, обезбедувајќи висок квалитет на испорака, задоволство на клиентите и развој на тимот.

Клучни одговорности: 

  • Управување со проекти (40%)

– Водење на имплементација на софверски решенија
– Управување со проектни тимови (5-10 члена)
– Следење и контрола на проектни рокови и буџети
– Управување со issues, ризици и промени на проектите
– Редовно известување за статус на проектите

  • Односи со клиенти (30%)

– Градење и одржување на професионални односи со нови и постоечки клиенти
– Управување со очекувањата на клиентите
– Навремено решавање на проблеми
– Спроведување на обуки за клиенти за одржување на релација со Сигма-СБ
– Редовна комуникација и известување

  • Тимско водство (20%)

– Водење и мотивирање на проектни тимови
– Менторство и развој на членови на проектниот тим
– Координација со другите оддели
– Градење на позитивна работна култура
– Евалуација и фидбек на тимот

  • Процеси и иновации (10%)

– Развој на методологии/процеси
– Подобрување на ефикасност во работењето
– Документирање на најдобри практики
– Имплементација на иновации

Очекувани резултати:

  • 4-6 поголеми проекти годишно
  • 6-8 помали проекти годишно
  • 90% проекти во рамки на дефиниран буџет (±5%)
  • 90% проекти во договорени рокови (±10%)
  • Задоволство на клиенти >90%
  • Задржување на клиенти >95%

Потребни квалификации: 

  • Минимум 5 години искуство во проектен менаџмент
  • Докажано искуство во имплементации на софтвер за компаниски менаџмент
  • Познавање на методологии за проектен менаџмент
  • Искуство во водење тимови од 5+ члена

Посакувани квалификации:

  • Искуство со Agile методологии
  • Познавање на индустрии кои се покриваат со ERP системи
  • Техничко образование

Потребни вештини

  • Одлични лидерски способности
  • Напредни комуникациски вештини
  • Аналитичко размислување
  • Решавање на проблеми
  • Преговарачки вештини

Ние нудиме

  • Конкурентен компензациски пакет
  • Можности за професионален развој и сертификации
  • Работа со најнови технологии
  • Динамично работно опкружување
  • Структуриран онбординг процес

Локација: ул. Лондонска 19 лок.35, 1000 Скопје
Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.

Работното место е за полно работно време.

Аплицирајте со

  • Детална професионална биографија
  • Мотивациско писмо
  • Листа на претходно водени проекти
  • Референца: контакти од минимум 3 претходни раководители

Апликацијата преку полето Брза Апликација со предмет на пораката: за Проектен Менаџер

Огласот е отворен до 21.02.2025 година.

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите апликанти ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена после завршување на огласот.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде