Возач на миксер
Скопје
Рок за пријавување:
- Фабрика „Карпош“
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Fabrika Karpos/head1.gif)
Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.
Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.
Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема
- Претходно работно искуство на истата позиција
- Возачка дозвола Ц категорија
Личен профил:
- Одговорна и организирана личност
- Лојалност и професионален пристап кон работата
- Иницијативност, посветеност и амбициозност
- Колегијалност и работа во тим
Пријавување на телефон: 072/204-508 Љупчо
или електронски преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!