Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Account Manager - ЛЕД осветлување
Продажно лице на опрема за ЛЕД осветлување
Работно место во Скопје
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети
- Работни денови од понеделник до петок
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата
Работни задачи:
- Создавање и развој на годишни планови за купувачи и партнери
- Проактивно генерирање продажни можности преку комуникација со постојни и нови купувачи
- Самостојна реализација на планови со клучни партнери, следење на трошоци и координација на соработката
- Редовни посети на партнерите, проценка на нивните потреби и анализа на конкуренцијата
- Развивање и унапредување на соработката со клучни купувачи
- Собирање и анализа на потребите на купувачите, изработка на документи и координација со тимот на финансии
- Координација на активности со теренските комерцијалисти за унапредување на продажбата
- Регулирање на наплата и усогласување со финансиски и сметководствен оддел
- Соработка со одделот за набавка и планирање на залихи
- Извршување на оперативни и административни задачи
- Анализа на плановите и предлагање на оперативни активности за подобрување на резултатите
- Континуирано усовршување во сопственото поле на работа
Од кандидатот очекуваме:
- Завршено ВСС
- Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во индустријата за осветлување (ЛЕД осветлување, ЛЕД рефлектори, индустриско осветлување, улично осветлување и слично)
- Возачка дозвола, Б категорија
- Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација
- Високо познавање и користење на МS Office програми и други алатки
- Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата
- Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност
- Совесност во работењето и одлучност за навремено делување
- Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати
Краен рок за аплицирање: 09.03.2025 година
Ако сакате да се приклучите на нашиот тим и станете дел од нашата успешна приказна