ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
МОДЕН ДИЗАЈНЕР
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Познавање на АЛБАНСКИ ЈАЗИК
- Поседување на диплома од областа на модниот дизајн
- Познавање на комплетниот процес на моден дизајн
- Пожелно е работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
- Подготвеност за тимска работа
- Самоиницијативност и креативност во работата
- Поседување на одлични комуникациски способности и работа со клиенти
- Организациски способности
- Прилагодливост на зададени рокови
Одговорности и задачи:
- Осмислување и креирање нови колекции
- Изработка на комлетни технички скици
- Координација и следење на производство од идејна скица до финален производ
- Избирање на материјали и нивните својства
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија
- Портфолио
- Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
- Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.